Регион 18. август 2020. / 19:58

Во Црна Гора децата ќе тргнат на училиште и во градинка од 1. октомври

Во Црна Гора децата ќе тргнат на училиште и во градинка од 1. октомври
Илустрација

Министерството за образование на Црна Гора денеска го пролонгира почетокот на школската година и отворањето на градинките до 1 октомври, а еден од родителите на децата помлади од 11 години ќе имаат право на платено отсуство.

Црногорските здравствени власти проценија дека регуларниот почеток на школската година на 1 септември „носи ризик по здравјето на децата поради неизвесниот развој на епидемиолошката ситуација, која, иако е под контрола, се уште е сложена.

во Црна Гора во моментот има 1.019 активни случаи на Ковид-19, а од средината на јуни, кога почна вториот бран на епидемијата од последици од новиот коронавирус починаа 71 човек.