Регион 07. април 2020. / 10:01

Во Бугарија заразени се 565 луѓе, а има 22 смртни случаи

Во Бугарија заразени се 565 луѓе, а има 22 смртни случаи

Бројот на потврдени случаи на заразени од новиот коронавирус во Бугарија е 565 луѓе.

Во изминатите 24 часа има 24 нови случаи, а во државата се пријавени 22 смртни случаи на коронавирусот.

Излекувани се тројца нови пациенти. Нема нови области погодени од ширењето на заразата. Хоспитализирани се вкупно 201, од кои 26 се на интензивна нега.