Регион 24. јуни 2020. / 13:01

Во Бугарија се урна тунелот во изградба „Железница“ – Повредени тројца работници

Во Бугарија се урна тунелот во изградба „Железница“ – Повредени тројца работници

Утринава во 10:30 часот по бугарско време, се урна дел од тунелот во изградба „Железница“, јавуваат медиумите. Според првичните информации, повредени се тројца работници.

Министерот за здравство Кирил Ананиев соопшти дека тие се живи и со возила на брза помош се префрлени во болницата во Благоевград. Се уште нема информации за степенот на нивните повреди. Двајца од повредените се во релативно добра состојба, додека третиот е на реанимација, соопшти бТВ.

Моментно се градат два километри од тунелот „Железница“, што треба да е дел од магистралата „Струма“, и тие треба да ги поврзат точно на средината северниот и јужниот дел од тунелот. Инцидентот се случил во јужниот дел, од страната на населбата Железница.

Тунелот „Железница“ се наоѓа во реонот на Симитли, а неговата должина од два километри е двојн о поголема од до сега најдолгиот тунел во Бугарија-„Витинја“ на магистралата „Хемус“. Заради сложеноста на работите, првично беше планирано неговата изградба да трае 1.400 дена, но тој рок беше намален на 1.000. Изградбата почна во октомври минатата година, а главни изведувачи на проектот се „Џи пи груп“, „Глобал констракшн“ и „Виа план“.