Регион 26. јануари 2021. / 13:28

Во Бугарија нагло порасна бројот на починати за само 24 часа

Во Бугарија нагло порасна бројот на починати за само 24 часа

Во Бугарија, 60 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени е нови 772 случаи на оваа инфекција, меѓу 13.540 тестирани лица.

Од почетокот на пандемијата во Бугарија, потврдени се 215.589 случаи на коронавирус, а починале 8.880 лица, пренесува БТА.

Има 26.582 активни случаи, од кои 2.822 заразени лица се во болница.