Во Бугарија со корона вирус се зарзени 202 лекари, 208 медицински сестри и стотина други вработени во здравствените установи.
Само во последните 24 часа, во земјата има регистрирано 330 нови случаи на корона вирус од 6.183 тестирани лица. Во истиот перио починале седум пациенти.
Како што објави бугарскиот национален портал за следење на корона вирусот, во последното деноноќие оздравеле 122 лица.
Од почетокот на епидемијата, заразени се 9.584 лица, а во моментов има 4.620 активни случаи.
Во болниците има 642 пациенти, од кои 24 се на интензивна нега.