Регион 29. август 2018. / 12:21

Во Белград страшна несреќа – се срушил sид, работник загинал пред очите на неговиот брат

Во Белград страшна несреќа – се срушил sид, работник загинал пред очите на неговиот брат

На градилиште во центарот на Белград утрово се срушил ѕид и затрупал најмалку две лица, а според неофицијални информации има и една загинато лице.

Настраданиот е 56-годишниот Н.Т. од Белград кој работел на објектот. Ѕидот се срушил и паднал врз работникот, кој починал на местото на несреќата и немало шанса да се спаси.

За трагедијата да е поголема, несреќата се одвивала пред очите на брат му кој го гледал сопствениот брат како умира без да може да му помогне, пренесе српски Курир.