Регион 09. март 2019. / 22:18

Во автомобил во Белград пронајдено големо количество дрога

Во автомобил во Белград пронајдено големо количество дрога

Во автомобил на жител на белград пронајдени повеќе килограми на разни дроги.

Српската полиција во Белград го упасила 33 – годишниот С.С во чии автомобил биле пронајдени околу еден килограм кокаин, 3 кг марихуана, половина килограм хашиш , како и околу 11 килограми смеса од парацетамол и кофеин. Оваа смеса се користи за зголемување на масата на наркотиците.

На осомничениот С.С му е одреден притвор во траење од 48 часа по што поради основно сомнение дека извршил кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и недозволено производство ќе биде предаден на Јавното обвинителство во Белград.