Регион 14. март 2020. / 14:40

Во авион на „Туркиш Ерлајнс“ што слетал во Љубљана имало заразен со корона вирус

Во авион на „Туркиш Ерлајнс“ што слетал во Љубљана имало заразен со корона вирус

Државниот завод за јавно здравство на Словенија соопшти дека медицинските испитувања покажале дека имало заразен со корона вирус во авион на „Туркиш Ерлајнс“, лет број 1061, што на 10 март слетал во Љубљана.

Од заводот ги предупредуваат патниците што биле на тој лет внимателно да ја следат својата здравствена состојба и да консултираат лекар доколку почувствуваат дека им е лошо или, пак, имаат знаци на респираторна инфекција или треска.