Регион 02. јули 2018. / 12:22

Внимавајте во Грција, цените на бензинот се очекува да срушат рекорд

Внимавајте во Грција, цените на бензинот се очекува да срушат рекорд

Грчките дистрибутери на горива предупредуваат дека во текот на летово бензините во Грција би можеле да поскапат и до 2,5 евра за литар.

Според грчките весници, се очекува поскапување на горивата во Грција, доколку продолжи растот на цената на нафтата на светските берзи.

Растот на цените на горивата во Грција се должи и на зголемените транспортни и производни трошоци, поради зголемувањето на даноците од страна на Владата.