Од 15 октомври на автопатската делница Ниш – Белград од автопатот Е-75 ќе се започне со поставување на 56 камери кои ќе ја снимаат брзината на возилата. Камерите ќе бидат поставени на повеќе места и тоа: Ниш, Алексинац, Рудници, Појате, Параќин, Јагодина, Баточина, Марковац, Велика Плана, Смедерево, Водањ, Умчари, Мали Пожаревац, Врчин и Белград.
Целта на поставувањето на овие камери е зголемување на безбедноста на автопатот преку регулирање, следење и казнување на сите оние возачи кои во било кој момент ќе бидат снимани како возат над 130 км/ч колку што е горното ограничување на овој автопат.