Регион 04. јуни 2018. / 13:40

Внимавајте ако летувате таму: За плажите во Грција постојат неколку златни правила кои мора да се почитуваат

Внимавајте ако летувате таму: За плажите во Грција постојат неколку златни правила кои мора да се почитуваат

Правилата за однесување на плажа се разликуваат од земја до земја, па така во Грција си важат неколку златни правила кои треба да ги знаете и почитувате, не за друго за да не се посрамите и доведете во тесно.

1. Грчкото крајбрежје и сите плажи на него се јавно богатство, па никој не може ексклузивно да ги користи.

2. Во Грција нема приватни плажи. Ако хотелот е на сама плажа, тоа не значи дека другите туристи од околината не смеат да ја користат истата плажа. Секој хотел е должен да обезбеди наместен премин до „својата” плажа.

3. Помеѓу редовите од чадори и лежалки мора да постои барем 1 метар простор за поминување.

4. Лежалките мора да бидат најмалку 5 метри оддалечени од водата.

5. Рестораните на сама плажа се незаконски изградени објекти.

6. Грците не сакаат бучава на плажа, па дозволена е музика со јачина од максимум 50 децибели.

7. Кучињата се секаде дозволени.

8. Бањањето топлес е забрането. За љубителите на нудизам постојат посебни плажи.