Регион 08. мај 2020. / 20:15

Влез во Србија ќе биде дозволен само со негативен тест за корона или 14-дневен карантин

Влез во Србија ќе биде дозволен само со негативен тест за корона или 14-дневен карантин

Негативен тест на корона вирус не постар од три дена ќе биде непоходен документ за влез во Србија, објавуваат медиумите на нашиот северен сосед. Според здравствените препораки на Србија, оние патници кои немаат таков документ ќе мора да одат во изолација 14 дена.

Во Србија авиосообраќајот почнува да функционира на 18 мај, а „Ер Србија“ воведува четири лета за Цирих, Виена, Франкфурт и Лондон.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека отворањето на границаата ќе биде една од последните мерки кои ќе бидат укинати.

Се уште се чека какви решенија ќе усвојат другите земји за влез на странците, а Грција најави дека ќе ги отвори границите за туристи на први јули.