Во Босна и Херцеговина се регистрирани вкупно 342 случаи на заразени со корона вирус. Последните два регистирани во изминатото деноноќие се први во градот Травник во истоимената општина. Станува збор за лице кое во тој град се вратило од Германија, а вториот е неговиот контакт.
Како резултат, тестирани се 19 примероци на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.
Шест нови случаи регистрирани се во Црна Гора, и сега има вкупно 91.
Според Институтот за јавно здравје, синоќа биле анализирани 29 тестови, од кои шест биле позитивни.
Повеќето се регистрирани во Подгорица и Тузи – 30 односно 32.
Во изолација се наоѓаат 6.278.