Регион 27. септември 2018. / 11:21

Визер укинува уште една авионска линија

Визер укинува уште една авионска линија

Од јануари следната година, унгарската нискотарифна компанија „Визер“ ја укинува линијата Ниш-Малме.

Како што потврди компанијата за Б92, линијата Ниш-Малме ќе биде укината на 7 јануари 2019 година, а на патниците погодени од овие промени ќе им биде понудена алтернативна линија, целосно враќање на цената на билетот или враќање од 120 отсто во вид на кредит за резервација на билети.