Невремето „Викторија“ што зафати повеќе делови од Грција предизвика затворање на училишта, поплавени улици, паднати дрвја и лизгање на земјиштето. Најпогодени се Крит и островите во Јонското море, а особено настрада островот Крф, каде што се затворени училиштата.
Според локалните медиуми, противпожарната служба на Крф била повикана да интервенира за сечење и отстранување на паднати дрвја. Поради силниот ветер, бродовите на островот останале закотвени на пристаништата, а обилниот дожд предизвикал поплави и проблеми на улиците.
Невремето ги погоди и останатите острови во Јонското море, а на Закинтос и Кефалонија предизвика материјална штета на улиците, но и на домовите.
Грчката Национална опсерваторија регистрирала најголемо количество дожд на островот Итака, каде што за околу осум часа заврнале 71 сантиметри на метар квадратен.
Во текот на вчерашниот ден, невремето го погоди и островот Крит, а од доцна синоќа и Атина. Обилниот дожд, утрово создаде проблеми на улиците во грчката престолнина.