Регион 06. мај 2020. / 15:56

Виетнам, Словенија и 3 други меѓу државите кои најуспешно се справија со Ковид-19

Виетнам, Словенија и 3 други меѓу државите кои најуспешно се справија со Ковид-19

Виетнам, Словенија и три други земји се вбројуваат во неколкуте држави кои најуспешно се справиле со епидемијата на новиот корона вирус, се вели во текст објавен во њујоршкиот сајт Вокс.

Во групата, покрај Словенија и Виетнам се и Грција, Исланд и Јордан.

– Владите на Словенија и на навремено дејствуваа и ги затворија државните граници, донесоа одлука граѓаните да седат дома, направија големо тестирање за коронавирусот и извршија брза изолација на заразените. Дополнително граѓаните одржуваа социјална дистанца, а носењето заштитни маски е задолжително. Ваквите мерки се причина овие земји, секако на задоволство на граѓаните повторно да се враќаат во нормала, пишува во текстот на Вокс.

За авторот на анализата Алекс Вард, исто така е импресивна малата бројка на заразени во Словенија, бидејќи земјата е многу блиску до Северна Италија која е тешко погодена од заразата со Ковид-19.

Во онднос на Виетнам која важи за земја со густа популација и се граничи со Кина, каде започна новиот вирус, иако првично се чинело дека ќе го направи Виетнам крајно ранлив на корона вирусот, сепак земјата делувала многу рано и брзо.

– Нивниот одговор досега покажа успех заради три работи: многу тестирања, многу трагања по заразените и многу карантини, пишува Вокс.

Исланд тестирал 13% од својата популација што покажува дека земјата спровела далеку повеќе тестови на 1000 жители од многу груги земји. Во рангирањето на врвот е и Грција за која се вели дека ниската бројка на заразени и починати се должи на брзата реакција со наметнување на строго заклучување, промовирајќи социјално дистанцирање и зајакнување на нејзиниот здравствен сектор.