Регион 02. март 2020. / 15:36

(ВИДЕО) За да ги спречи да влезат во Грција: Грчката крајбрежна стража отвори оган кон чамец со мигранти

(ВИДЕО) За да ги спречи да влезат во Грција: Грчката крајбрежна стража отвори оган кон чамец со мигранти

Нанјново видео на социјалните мрежи ја прикажува затегната состојба меѓу мигрантите и грчките безбедносни служби што се случува на грчката граница.

На видеото снимено во Егејското Море, во пограничниот појас со урција, се гледа како грчката крајбрежна стража брка еден чамец со мигранти, што се обидува да дојде до брегот на Грција. На снимката може да се чуе како грчките сили им се закануваат на мигрантите и притоа испалуваат куршуми во водата во обид да ги заплашат и да ги натераат да се вратат назад.

Истовремено, во некои медиуми се појавија информации дека едено дете, коешто било на еден од претоварените чамци, се удавило, а друго е префрено во болница откако чамецот се превртел. Наводно, до превртување дошло кога до чамецот се приближил брод на грчката крајбрежна страна.

Поради таквата ескалација на состојбата, грчките власти ја обвинија Турцја дека ги охрабрува и им помга на миграбтите да ја пробијат блокадата и да влезат во Грција. Притоа, Грците испратија протесна порака до Турција која гласи: „Наместо да ги разбивате мрежите на криумчари на луѓе, ви сте главните криумчари“.