Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Сараево, каде што ќе им предаде контингент вакцини против коронавирус на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.
Како што јавија босанските медиуми, Вучиќ денеска предаде прва пратка од 5 илјади дози вакцини од производителот „Астра Зенека“, од вкупно 10 илјади што им ги вети.
-Ова се вакцини за Гедерацијата БиХ, бидејќи гледам дека има примедби. Ние сега (Србија) нарачавме „Модерна“, така што ќе имаме пет вакцини. Го барате она што ви треба. Важно е да соработуваме изјави Вучиќ.
Во Србија граѓаните имаат ретка можност да избираат со која вакцина против ковид-19 ќе се вакцинираат од сите што се одобрени за употреба.
Србија донираше вакцини и во Македонија, вкупно 8 илјади дози од производителот „Фајзер/Бионтек“.