Регион 30. јануари 2021. / 11:28

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија ќе добие уште 1 милион вакцини до почетокот на март

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија ќе добие уште 1 милион вакцини до почетокот на март

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека до почетокот на март во Србија ќе бидат доставени уште еден милион вакцини против ковид-19.

Во видео порака, Вучиќ изјави дека договорите не се само договори „според кои Србија обезбедила 6,5 милиони вакцини“, туку „вистински вакцини“.

-Добив потврда од наши пријатели дека ќе обезбедиме скоро уште милион вакцини во неколку фази, до крајот на февруари и март, напиша Вучиќ.

Тој додаде дека е горд на граѓаните на Србија затоа што тие ја разбрале важноста на вакцинацијата.