Регион 16. мај 2020. / 23:14

(ВИДЕО) Вучиќ ја започна кампањата опкружен со екрани од кои му се аплаудираше

(ВИДЕО) Вучиќ ја започна кампањата опкружен со екрани од кои му се аплаудираше

Пандемијата со корна вирус го направи своето па во Србија предизборната кампања на претседателот Александар Вучиќ започна, најблаго речено, малку невообичаено. Онлајн собир на кој Вучиќ зборуваше во студиото, а неговите приврзаници со ентузијазам аплаудираа од екраните со кои беше опкружен.

Првиот онлајн собир, за изборите што ќе се одржат на 21 јуни, беше насловен „За нашите деца“, а беше пренесуван на Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.

Тој изјави дека трите приоритети за владејачката партија ќе бидат здравството, образованието и инвестициите.