Регион 01. јуни 2020. / 11:16

(ВИДЕО) Вучиќ и Борисов во заедничка обиколка со хеликоптер

(ВИДЕО) Вучиќ и Борисов во заедничка обиколка со хеликоптер

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во хеликоптер направија обиколка на градежните работи за изградба на гасоводот „Балкански тек“ во Бугарија, кој ќе испорачува гас од „Турскиот тек“.

Претседателот на Србија пристигна во официјална посета на Бугарија на денот кога се отворија границите меѓу двете земји.

– Симбол на пријателски односи меѓу двата народа – претседателот Вучиќ во посета на Бугарија, на денот кога се отвораат границите меѓу нашите две држави, беше наведено на официјалниот профил на Инстаграм на Претседателот на Србија, заедно со неколку фотографии од аеродромот и средба на двајцата функционери.

Покрај обиколката околу работите за изградба на Балканскиот тек, официјалните претставници ги посетија и градежните работи за изградба на автопатот од границата на Србија со Бугарија до Софија.

Премиерот на Бугарија на неговиот фејсбук профил се вклучи во живо од обиколката со хеликоптер со неговиот гостин од Србија.