Регион 10. декември 2020. / 21:41

(ВИДЕО) Тирана гори, големи протести заради убиството на момчето кое го прекршило полицискиот час

(ВИДЕО) Тирана гори, големи протести заради убиството на момчето кое го прекршило полицискиот час

Жестоки проести во Тирана поради полициско убиство на младо момче кое наводно го прекршило полицискиот час воведен поради епидемијата на коронавирусот.

Неколку стотици демонстранти го извикувале слоганот „бараме правда“ и барале оставка од министерот за внатрешни работи Сандер Лелешаи, фрлајќи камења и петарди кон полицијата и запалиле елка пред зградата на Министерството за внатрешни работи.

Полицијата одговорила со солзавец за да ги растера демонстрантите. Најмалку осум полицајци биле повредени, изјави полициски портпарол, пренесува агенцијата Франс прес.

Во вторникот е убиено 25-годишно момче идентификувано од албанските медиуми како Клодијан Раша. Полицијата во Тирана соопшти дека полициски службеник употребил прекумерна сила во спроведувањеро на полицискиот час, односно забрана за напуштање на домовите после 22 часот, за време на кое Раша бил на улица.

Роднините на убиениот тврдат дека тој излегол да купи цигари на киоскот. Меѓутоа, полицијата соопшти дека Раша со себе имал оружје и не ја послушал наредбата на полицаецот да застане.

Полицијата подоцна се коригирала и соопштила дека Раша не носел оружје, туку предмет што на полицаецот му заличел на оружје, пренесува Ројтерс.

Полицаецот кој го уби момчето е уапсен, соопшти полицијата.

– Полицаецот не постапил во согласност со законот кога го употребил своето огнено оружје, додаваат тие.

Албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши по притисокот на јавноста во врска со убиството на 25-годишното момче за време на полицискиот час денес поднесе оставка.