Регион 08. јуни 2019. / 19:46

(ВИДЕО) Таткото си го пријавил синот дека планира бомбашки напад во Бугарија

(ВИДЕО) Таткото си го пријавил синот дека планира бомбашки напад во Бугарија

Таткото на момчето кое денеска беше приведено во Бугарија, под сомнение дека подготвува терористички напад, им сигнализирал на надлежните уште пред еден месеци дека неговиот син се однесува чудно, тврди адвокатот на момчето во изјава за бугарските медиуми.

– Таткото се обрати до надлежните органи да му помогнат во ситуацијата, затоа што не можел да се справи сам. Момчето сурфајќи на интернет дошло до сајт, преку кој започнал комуникација со еден човек, кој му го испрал мозокот. – вели адвокатот, кој смета дека момчето е жртва на интернетот.

Во телефонот на момчето биле пронадени преписки со структури поврзани со фундаметалистите.

При претресот пронајдени се подготвени и во изработка експлозивни направи. Една од тие експлозивни направи е како оние кои најчесто се користени во бомбашките напади во САД. Исто така постои и експлозивен уред во процесот на подготовка, т.н. бомби со нокти. Супстанцијата за правење на таква бомба е употребено за некои од нападите во Белгија, Франција и Сарафово.

– Супстанцата што се користише во Сарафово е помеѓу 2 и 3 кг, а сега станува збор за 14,5 килограми од оваа материја. – истакна Гешев.

Инаку, 16-годишникот учел во елитно училиште и потекнува од добро ситуирано семејство во Пловдив.