Регион 28. јули 2019. / 20:22

(ВИДЕО) Страотно невреме ја зафати Далмација – мали торнада, поплавени улици и искршени стебла

(ВИДЕО) Страотно невреме ја зафати Далмација – мали торнада, поплавени улици и искршени стебла

Попладнево,силно невреме ја зафати Далмација, Хрватска. Тоа беше очекувано ако се земе предвид најавата од метеоролозите кои за некои области издадоа и црвен аларм.

Дождот ги поплави улиците во Сплит и предизвика дополнителни проблеми во сообраќајот, покрај вообичаената гужва поради туристите.

Слична е состојбата и во Дубровник, пренесуваат медиумите од Хрватска.

Во околината на Шибеник, ветрот кршеше стебла од дрвјата, кои паѓаа по улици и врз автомобили.

Невремето донесе и мали торнада, наречени „пијавици“, во близина на островот Крк каде тие на брегот исфрлија два клисера на брегот.