Регион 05. април 2019. / 11:23

(ВИДЕО) Стотици мигранти од Солун се упатиле на границата со Македонија

(ВИДЕО) Стотици мигранти од Солун се упатиле на границата со Македонија

Стотици мигранти заглавени во Грција се упатиле на границата со Македонија, барајќи да им биде дозволено да отпатуваат за северна Европа.

Помали групи луѓе, вклучувајќи и деца поставиле шатори во близина на мигрантскиот камп во близина на Солун.

Новинската агенција „Ројтерс“ јавува дека имало и турканици со полицијата. До ова веројатно доаѓа по наводите на социјалните медиуми за организирано заминување на мигрантите од Грција кон Европа.

УНХЦР предупреди дека станува збор за лажни вести и шпекулации.