Регион 16. април 2020. / 14:32

(ВИДЕО) Српски полицаец „шамара“ човек кој го прекршил полицискиот час

(ВИДЕО) Српски полицаец „шамара“ човек кој го прекршил полицискиот час

Корисници на социјалните мрежи во Србија објавија снимка на која се гледа како полицаец удира човек кој седи на задното седиште на полициски автомобил.

Како што објавија српските медиуми, настанот се случил во центарот на Белград и, наводно, станува збор за човек што прекршил полициски час.

Од српската полиција најавиле дека детално ќе го испитаат случајот и ќе утврдат дали се работи за пречекорување на службената должност на полицискиот службеник.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ оцени дека овој настан не смее да стане синоним на однесувањето на српските полицајци.