Синоќа во Србија спорведена е полициска акција во која се уапсени и задржани 17 лица осомничени дека се дел од организирана криминална група која се сомничи за киднапирање, убиства, изнуда, трговија со дрога.
Во најголемата полициска акција во последните десет години, како што јавуваат српските медиуми, сите од уапсените се фатени за време додека се подготвувале да ги запалат возилата кои биле користени за извршување на кривични дела. Групата цело време се криела позади навивачката група на фудбалскиот клуб Партизан. Тие не биле навивачи туку најобични криминалци, соопшти функцинер од МВР Нинослав Чмолиќ.
Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, на прес-конференција која по овој повод беше вонредно закажана рече дека зад припадниците на полицијата е уште една непреспиена ноќ, но ноќ со која сите се гордеат.
– Спроведовме опсежна акција за сузбивање на криминал. Одлучивме Белград да биде безбеден град и никогаш повеќе никакви криминални организации кои се слични или можеби појаки од Земунскиот клан нема да бидат тие кои ќе ја рушат иднината на нашите децца, изјави Вулин.
За време на ноќта извршен е претрес во 30 локации. Обвинителот за организиран криминал, Младен Ненадиќ изјави дека апсењата се извршени по повеќемесечна заедничка работа на Обивнителството и повеќе организациони единици на МВР и Безбедноснатаинформативна полиција.
– Ова се луѓе кои убивале, мачеле, киднапирале, вршеле најстрашни кривични дела, за кој едноставно тешко е и да се зборува. Претседателот пред околу 100 дена рече дека Србија ќе се пресмета со организираниот криминал, додаде министерот Вулин.
Во продолжение видео од апсењето: