Регион 20. јануари 2020. / 12:40

(ВИДЕО) Спектакуларно апсење на српска моторџиска нарко-банда во Шпанија

(ВИДЕО) Спектакуларно апсење на српска моторџиска нарко-банда во Шпанија

Оружје, облека со ознаки на криминалната група, голема сума на пари, но и лажни полициски значки и униформи, се само дел од пленот на шпанскатта полиција при апсењето на 16 члена на мото-бандата Јунајтед трибјунс номадс од Шпанија, на чие чело е Стефан Милојевиќ, поранешен фудбалер и ММА борец од Србија.

Шпанската полиција истовремено упадна на повеќе локации на коишто престојувале членовите на озлогласената банда во Мајорка, но и во други шпански градови, која се бавела со продажба на дрога и измама.

Кај уапсените е пронајдена поголема количина на марихуана, а откриена  е и лабораторија за одгледување и производство на наркотици.

Милојевиќ е уапсен како водач на бандата која оперирала во Мадрид, Барсело, Џирона, Тарагона, Валенсија и на Тенерифе, а полицијата веќе неколку години набљудува дека бандата редовно била регистрирана како група на моторциклисти, кои се занимавале со незаконски работи со дрога и проституција.

Членовите на банадата работеле како обезбеување на хотели и на клубови ширум Шпанија и на тој начин наркотиците ги пласирале на нарко-пазарот.