Регион 23. декември 2019. / 21:46

(Видео) Снимка од моментот на експлозијата на бензинската пумпа во Србија

(Видео) Снимка од моментот на експлозијата на бензинската пумпа во Србија

На социјалните мрежи е објавена и снимка од моментот на експлозијата на бензинската пумпа „Нешковиќ“ кај граничниот премин Шепак во Србија, каде загина едно лице. Претходно во јавноста се појавија снимки непосредно по несреќата, но не и од самиот инцидент.

На снимката се гледа како ударот од експлозијата зафатил неколку возила, кои во моментот поминувале покрај бензинската пумпа, пренесува Српскаинфо.

Во експлозијата на пумпата загинал државјанин на Србија, а во општата болница Зворник биле донесени седум повредени лица.