Регион 16. ноември 2019. / 09:48

(ВИДЕО) Силното невреме го пустоши хрватското приморје

(ВИДЕО) Силното невреме го пустоши хрватското приморје

Големото невреме, проследено со силен ветер што го погоди хрватското крајбрежје продолжува да  предизвикува огромни проблеми во поморскиот и копнениот сообраќај. Невремето почна вчера, а метеоролозите најавуваат дека непогодата ќе продолжи во текот на денешниот ден и утре.

Во прекин се бројни траектни, бродски и катамарански линии – од северен Јадран до Дубровник, јави Индекс. Поројниот дожд ги поплави крајбрежните шеталишта, а црвен аларм е во сила за подрачјето на Истра и Лика и Горски Котор.

Хрватски авто-мото сојуз информира дека поради силниот ветер на некои патишта сообраќајот е ограничен само на патнички, додека на камионите и автобусите им е забрането движење.