Регион 14. февруари 2021. / 18:35

(ВИДЕО) Шок бомби и солзавец на протестот против рестриктивните мерки во Атина

(ВИДЕО) Шок бомби и солзавец на протестот против рестриктивните мерки во Атина

Со инциденти, солзавец, шок бомби и приведени заврши протестот во Атина против рестриктивните мерки како карантинот и задолжителната употребата на заштитна маска.

На плоштадот Синтагма се собраа лица организирани преку социјалните мрежи, извикувајќи слогани против Владата, против мерките, против полицијата, но и против новинарите.

Полицијата употреби солзавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите, кои се собраа и покрај карантинот, на два часа пред почетокот на полицискот час во Атина.