Регион 11. јануари 2021. / 18:41

(ВИДЕО) Се запалија апартмани на Златибор – пожарникарите сè уште се борат со огнот

(ВИДЕО) Се запалија апартмани на Златибор – пожарникарите сè уште се борат со огнот

Денеска избувна пожар во апартманите во населбата Сончева долина на Златибор, Србија. Противпожарните екипи се на терен и го гаснат пожарот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

Според „Новости“, пожарот избувнал во становите над едно од кафулињата, а гостите во моментот на пожарот не биле во собите. Силен оган го зафатил таванот, а според извештаите на медиумите, покривот целосно изгорел.