Регион 26. август 2020. / 10:54

(ВИДЕО) Рама на српски јазик: Мило фала ти што постоиш!

(ВИДЕО) Рама на српски јазик: Мило фала ти што постоиш!

Во финишот на предизборната кампања во Црна Гора, Демократската партија на социјалистите доби поддршка од албанскиот премиер Еди Рама.

Албанскиот премиер снимил видео порака со поддршка за Демократската партија на социјалистите во Црна Гора, во која се обраќа на англиски јазик, но во одредени моменти додава и реченици на српски како „Решително за Црна Гора“, што е слоганот на изборната кампања на ДПС и додава: „Драг Мило, благодарам што постоиш“, пренесува „Спутник“.

Тој зборува и за добрите односи меѓу него и Ѓукановиќ, пријателството што тие го имаат и на тој начин им дава поддршка на властите во Црна Гора.