Во Тирана денеска одржан е протест на активисти од граѓанските здруженија против состанокот на балканскиот мини-Шенген на премиерот Еди Рама со тројцата регионални лидери, премиерот на Македонија, Зоран Заев и претседателите на Србија, Александар Вучиќ и Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Демонстрантите извикуваа дека „малиот Шенген е поголема Србија“, наложувајќи дека албанскиот премиер Еди Рама работи против интересите на Косово, во корист на „Голема Србија“ и Вучиќ.
Демонстрантите носат знамиња и транспаренти, а се слушаат свирежи. Голем број полицајци се присутни и многу новинарски екипи.
Трета сесија од серијата состаноци на на таканаречениот „мини-Шенген”, после Нови Сад и Охрид се одржува во Тирана.