Регион 14. август 2019. / 12:03

(ВИДЕО) Портокалово небо: Уште беснеат пожарите во Грција

(ВИДЕО) Портокалово небо: Уште беснеат пожарите во Грција

Неколку стотици пожарникари се борат со шумски пожари во Грција, а најголемиот е на островот Евија, северно од Атина, што се уште е вон контрола.

Според денешни информаци од грчки медиуми, ситуацијата е малку подобра.

Во Грција избувнаа 56 пожари во рок од 24 часа помеѓу понеделникот и вторникот.

„Катимерини“ го нарече пожарот во централна Евија како голема катастрофа за животната средина.

На снимка што ја објави Раша тудеј се гледа канадер на небото, чија бора брзо преминува од светло плава во пеколно портокалова кога авионот е над пожарот.