По препорака од Противпожарната служба на Грција, СОС детското село во Вари, јужното предградие на Атина, утрово e превентивно евакуирано, откако во близина изби голем пожар, објавија грчките медиуми.
Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека во гаснењето учествуваат 25 пожарникари со десет возила и еден хеликоптер.