Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплава во селото Мојковиќ, во Крупањ, град во Србија. Реката се излеала, па многу селани не можеле да си дојдат до своите домови.
На видео објавено во српските медиуми може да се види како пожарникари им помагаат на мештаните да стигнат во своите куќи со чамци.
Поради обилните врнежи од дожд, водостоите на реките во западна Србија се зголемуваат, а некаде се излеале од коритата.