Мермерен споменик беше изграден и инсталиран од групата „Македонски драматинци“ во Писодери, Флорина, во спомен на демонстрацииите против Договорот од Преспа, што се одржа на 17 јуни 2018 година.
Во ова село на 17 јуни 2018 грчките граѓани се спротивставија на потпишувањето на Договорот од Преспа, пишува на мермерниот споменикот подигнат во грчкото село Писодери во северниот дел на земјата, онаму каде што пред две години имаше инциденти, додека во Псарадес премиерите на С. Македонија и на Грција го ставија нивниот потпис на решението меѓу двете земји.
На споменикот, потпишани се извесни „Македонци од Драма“, кои пишуваат дека „го кинат Договорот од Преспа“.
На задната страна на споменикот, запишани се имињата на 19 лица од Грција, Канада, Австралија и САД, кои се спонзори и финансиски помогнале за изградбата.
Според локалните медиуми, за споменикот добиле дозвола од општина Преспа.