Регион 31. јули 2020. / 09:11

(ВИДЕО) Невреме и град со големина на јаболко предизвикаа штети во Словенија и Австрија

(ВИДЕО) Невреме и град со големина на јаболко предизвикаа штети во Словенија и Австрија

Силно невреме погоди делови од Австрија и Словенија, каде што беа предизвикани значителни штети на повеќе локации.

Според словенечките медиуми, регистрирани се и локални поплави, а на некои места паднал град со големина на јаболко.

Поради невремето, возачите на автомобили во некои области бараа заштита под надвозниците, а пожарникарите добиле голем број повици за помош.

Како што објави словенечкиот метеоролошки институт, невремето покрај обилниот дожд и повремен град, било придружено и со силен ветер.

Невремето ја погоди и Стирија, во Австрија, каде грмотевици беснееја цела ноќ, а градот направи голема штета. Забележани се околу 33.000 удари од гром, а 850 пожарникари биле на терен.

Околу 5.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а како резултат на поројниот дожд се забележани поплави. Во невремето беа оштетени многу покриви.