Регион 22. ноември 2018. / 19:07

(ВИДЕО) Инцидент во Албанија: Еди Рама гаѓан со чевел

(ВИДЕО) Инцидент во Албанија: Еди Рама гаѓан со чевел

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги посетил полицајците кои биле повредени во судирите со демонстрантите пред парламентот, до кои дошло поради одлуката на албанската влада да ја урне зградата во која живеат поради изградба на нов пат.

По излегувањето од болницата, Рама дал изјава, а притоа се случил уште еден инцидент, кога еден од демонстрантите го гаѓал премиерот со чевел.

Насобраните демонстранти се обиделе да го нападнат премиерот, а еден од нив го гаѓал Рама со чевел. Телохранителот реагирал на време и спречил удар на премиерот.

Напаѓачот набрзо бил фатен и одведен во полиција, пренесуваат албанските медиуми.

Албанскиот премиер изјавил денес дека нема да се толерира насилство кон полицијата во име на нелeгитимност.

-Ги повикувам луѓето кои имаат документ за имотна сопственост и оние кои поседуваат само објекти изградени без никаква дозвола, да се дистанцираат од професионалните окупатори и професоиналците за слепа политика на клевети и немири. – пренела АТА.