Регион 11. јануари 2021. / 17:18

(ВИДЕО) Грците на плажа, среде јануари измерени 28 степени

(ВИДЕО) Грците на плажа, среде јануари измерени 28 степени

Топол бран ја зафати Грција, а луѓето уживаа на плажа.

Температурата се искачи на 28 Целзиусови степени. Како што објави Атинската национална опсерваторија, температурата во Ханија, на јужниот остров Крит, достигнала 28,3 степени околу пладне, и тоа е една од највисоките јануарски температури во последните педесет години. Типичната температура во овој период од годината во Грција е околу 15 степени. Во Атина, каде температурите достигнаа 22 степени, луѓето се упатија кон плажите и плоштадите и во парковите. Топлиот ветар од Африка донесе многу прашина заедно со необичната топлина. Температурите во Грција се очекува да бидат високи до среда. Полицијата патролираше обидувајќи се да спречи поголеми групирања на луѓето. Грција е ставена во карантин од почетокот на ноември, а властите се обидуваат да го избегнат третиот бран на пандемијата по прославата на Божик и Нова година. Над 4.000 од вкупно 5.263 смртни случаи за време на епидемијата во Грција се случија во изминатите два месеци.

 

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис во интервју за Прототема ги соопшти правилата за патување за време на пандемија под нови околности создадени од вакцината против Ковид-19. Министерот рече дека ќе има две категории патници – оние кои биле вакцинирани и тие кои не се. Имено вакцинираните повеќе нема да треба да бидат тестирани или ставани во карантин туку по пристигнување само ќе треба да покажат документ за вакцинација.

извор: faktor.mk