Регион 03. април 2019. / 22:18

(ВИДЕО) Грчки медиуми: Ја посвоивме Северна Македонија

(ВИДЕО) Грчки медиуми: Ја посвоивме Северна Македонија

Погледнете го извештајот на македонски јазик, од репортерката на грчката телевизиска станица, од вчерашната посета на Скопје на премиерот Алексис Ципрас и грчката делегација, објави Нетпрес.

Се гледаат насмевки и позитивна енегрија, многу министри ни укажаа и чест па се облекоа во боите на грчкото знаме. На пример погледнете ја министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, боите на нејзиниот комплет се во потполно исти бои. Но има и суштински работи, ние покажавме дека ја посвоивме Северна Македонија, покрај заштитата на нивниот воздушен простор, нивните воени лица ќе се обучуваат исклучиво во нашите школи, а ќе направиме и 42 програми за сите нивни региони, објаснува Катја Макри.