Регион 25. јануари 2020. / 23:10

(ВИДЕО) Грчката полиција заплени еден тон кокаин и уапси осум шверцери, претежно Албанци

(ВИДЕО) Грчката полиција заплени еден тон кокаин и уапси осум шверцери, претежно Албанци

Грчката полиција соопшти дека запленила повеќе од еден тон кокаин и разбила меѓународна група осомничена за шверц на дрога во Европа и северозападна Африка од Карибите.

Приведени се осум лица, од кои повеќето се албански државјани, објави весникот Катимерини.

Според информации од полицијата, заплента на 1,18 тони дрога била изврешан во изнајмени станови во областа Етолија-Акарнанија.

Во акцијата учествувале одделението за грчки полиции на грчката полиција, пристанишните власти и единицата за финансиски криминал на грчкото Министерство за финансии, заедно со Управата за спроведување на дрога на САД (ДЕА).