Регион 03. март 2020. / 13:50

(ВИДЕО) Грчката крајбрежна стража се обидува да потопи брод со мигранти!

(ВИДЕО) Грчката крајбрежна стража се обидува да потопи брод со мигранти!

Грчката крајбрежна стража на сите начини се обидува да ги спречи мигрантите да пријдат до нивното крајбрежје па наводно и пукала кон бродот кој што бил полн со мигранти во Бодрум, покажува снимката која турските власти ја споделиле со медиумите.

Освен тоа, очигледно дека крајбрежната стража се обидува да го потопи и мигрантскиот чамец, а во еден момент се слушаат истрели.

Меѓутоа, вчера веќе се појави снимка која што не е во прилог на грчката полиција затоа што на неа се гледа застреланиот Сириец кој се обидува да ја премине границата.