Големо невреме со силни врнежи од дожд, ветер и грмежи ги зафати неколку грчки региони. Во невремето настрадало најмалку едно лице.
Силните врнежи, воглавно проследени со град и силни ветрови го зафатија поголемиот дел од Грција, а спрема метеролозите ваквото невреме ќе трае до петок.
На грчкиот остров Скопелос, од гром настрадала една жена, пренесува „Grik reporter“. Невремето со силни грмежи ја зафати и Атина.
Драматично било на Халкидики, каде што овој регион бил зафатен со врнежи од силен град. На регионалниот пат Полигирос-Солун автомобилите и камионите веќе неколку часа стојат поради големата количина на мраз на коловозот.
Во одделни предели пејзажот изгледа како да е покриен со снег, бидејќи град ги зафати патиштата и полињата. Екстремни временски услови ги погодија на југ Каламарија и Олимпија.