Регион 09. септември 2020. / 20:53

(ВИДЕО) Голема сообраќајна несреќа во Хрватска – горат возила има и загинати

(ВИДЕО) Голема сообраќајна несреќа во Хрватска – горат возила има и загинати

Камионите горат, а чадот се гледал и на наплатните рампи во близина на Загреб, а полицијата и брзата помош се на терен. Според последните информации, најмалку две лица загинале.

Денес, 9 септември, околу 16 часот на А3, 3 км по просторот за одмор во Јежево во источна насока, од засега непознати причини и на неодреден начин се случила сообраќајна незгода помеѓу два камиона и два автомобила, по што избувнал пожар.Истрага ќе се спроведе веднаш штом ќе се исполнат условите, соопшти полицијата.