Како што најавиле метеоролозите, времето во Хрватска нагло се променило.
Од стабилно, наеднаш снег започнал интензивно да паѓа, па повеќе патишта станале тешко проодни.
-Поради олујата, на автопатот А6 Ријека-Загреб, се пуштаат само патнички возила. – соопштуваат хрватските медиуми, додека пак на автопатот А7 и магистралниот пат ДЦ8, не смеат да сообраќаат повеќе видови на возила.
Снегот го отежнува движењето и на други патишта низ земјата, а возачите се советуваат да ја прилагодат брзината и да користат зимска опрема.