Регион 04. декември 2020. / 11:45

(ВИДЕО) Експлозија пред зградата на „РТС“ во Белград: Едно лице почина, две тешко повредени

(ВИДЕО) Експлозија пред зградата на „РТС“ во Белград: Едно лице почина, две тешко повредени

Во центарот на Белград денеска околу 10 часот се случила експлозија во која едно лице почина, а две се тешко повредени, пренесува РТС.

Од екипата на брзата помош навеле дека едно повредено лице е пренесено во одделението за реанимација во Ургентниот центар, а екипите се уште се на лице место и засега нема нови податоци.

Екслозијата се случила блиску до зградата на РТС, а како што јавуваат од таму најверојатно експлодирала боца со гас.