Во напад со автоматско оружке, синоќа во ресторан во Атина биле убиени лидерите на црногорскиот криминален клан „Шкаљарци“, Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ.
Како што јавуваат, јавуваат српските медиуми, во пукањето е ранета и една жена.
Според првичните информации, четворица напаѓачи со качулки упаднале во ресторано и пукале со автоматска пушка.
На масата на убиените умало вкупно десет луѓе, меѓу кои и деца.
Грчките медиуми пренесуваат дека станува збор за невидено дивеење, убиство пред голем број гости кои можеле да настрадаат.
По егзекуцијата на Стаматовиќ (43) и Дедовиќ (43), се појавија и многу бурни коментари во грчките медиуми и на социјалните мрежи.
– Овој регион е игралиште на руските, српските и арапските криминалци. Во последните пет-шест години има сѐ повеќе пресметки. Ако не ги депортираат што побрзо, јужните предградија на Атина ќе станат Бејрут – коментира еден од нив.
– Нашата земја е полна со странци кои ја сметаат за одлична за криминал, паушални бенефиции, нелегална емиграција. Во исто време, Грците заминуваат од земјата поради дивјаците, неправедното оданочување, бедните плати и пензии – коментира друг.
– Целиот олош од планетата Земја се собра тука и никој ништо не прави. Но, нема врска сѐ додека Грците ги нарекуваат расисти и фашисти. Ете како се залажуваме – е уште еден од коментарите.