Регион 23. јули 2020. / 09:48

(ВИДЕО) Докторка во Ниш со секси танц на работното место

(ВИДЕО) Докторка во Ниш со секси танц на работното место

Докторка од болницата во Ниш предизвка скандал, што ја разбранува јавноста во Србија.

Низ Србија вчера се прошири видео од русокоса жена, со истакнати атрибути која танцува на работното место. Настапот на докторката пред огледалото, кој и самата го снимила, никого не остави рамнодушен, објавија српските медиуми.

Имено, станува збор за педесетгодишна лекарка која, освен физикалната медицина, сака да се снима, дури и на работното место. Докторката облечена во краток фустан со длабоко деколте танцува пред огледало на песната „My prerogative“ од Бритни Спирс.

Во нишкиот Здравствен дом во канцеларијата на докторката музиката била гласна, а дел од јавноста го осуди ваквото снимање, велејќи дека е неумесно тоа што додека некои здравствени работници, без минута одмор, се „распаѓаат“ во ковид-болниците, таа ужива. Други, пак, велат дека има што да покаже, па нека се снима.